ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ 007 ОБЕЗБЕДУВАЊЕ?
Агенцијата за обезбедување на имот и лица 007 е основана 22.03.2002 година. Основачи се пет ентузијасти кои до тогаш веќе имаа врвни искуства во секторот на обезбедување во казина, дискотеки, барови, воено искуство и слично. Прв заеднички проект во обезбедувањето им е хотел казиното Аполонија во Гевгелија каде до ден денес успешно ги извршуваат сите задачи од областа на безбедноста.
Следните неколку години беа обезбедување и на Фудбалската Федерација на Македонија, вршејќи обезбедување на Генералните собранија на ФФМ, на Куповите на Македонија, и на натпреварувањата што беа дел од квалификациите за Европското првенство 2004 и Светското првенство 2006г. Следните години го обезбедуваат и летното диско АВА, кафе барот Корзо, мотел Вардар, слот клубот Ранде-Ву и други. Агенцијата за обезбедување 007 наредните години се свртува кон обука на кадри преку кикбокс клубот Аждер од Гевгелија од каде ќе излезат голем број квалитетни кадри кои ќе станат професионални обезбедувачи и полициски службеници.
Денес агенцијата 007 е сконцентрирана со седиште во Гевгелија каде што успешно го гради своето реноме повеќе од 20години. Во моментов со 25 вработени лиценцирани обезбедувачи располагаат со се што е потребно за безбедноста,сигурноста и приватноста на секој свој клиент.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Исполнување на барањата на корисникот, правилна организациона поставеност, постојано усовршување, мотивираност, безбедна работна средина и професионален однос на успешна компанија на високо место во областа на приватното обезбедување.
Луѓето се најважен ресусрс – Обезбедување на квалитетна услуга, професионален однос, задоволство на корисниците и максимална заштита. Ги следиме најновите трендови, ја користиме најновата опрема (постигнувсљњ на стабилност, сигурност и безбедност)
Задовоството на клиентите, нивната доверба и безбедност е на прво место во мотото на нашата агенција.
ГАЛЕРИЈА
Доверете ни сѐ
„Ние сме секогаш тука за Вас“
Доверете ни сѐ
„Ние сме секогаш тука за Вас“